Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам се прогласи за ненадлежен за дивите платформи на Матка. Во одговор на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК испратени на 26 февруари се вели дека тие немаат надлежност да постапуваат бидејќи станувало збор за урбана опрема која не е градба од прва категорија.
„Инспекторатот на 22 февруари одржа состанок со Инспекцискиот совет во врска со платформата на Матка. Инспекторатот беше запознат за проблематиката и во рамките на своите надлежности, а согласно одредбите од Законот за градење се изјасни како ненадлежен за постапување, бидејќи урбаната опрема и монтажно-демонтажните објекти не претставуваат градба од прва категорија согласно законот за градење. Инспекторатот нема право да излегува и да врши инспекциски надзор за објекти кои се од локално значење“, велат од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.
Од таму велат дека го известиле и Министерството за транспорт и врски дека станува збор за објекти од локално значење.
А. АНТЕВСКА