Грчкиот премиер Алексис Ципрас кажа дека желбата за дијалог и мирна коегзистенција надвладеала над силите на национализмот во Грција и Северна Македонија, зборувајќи синоќа за Договорот од Преспа на економскиот форум во Делфи.
Ципрас, кој го нарече договорот за името дипломатско ремек-дело, најави дека ќе биде првиот грчки премиер во официјална посета на Скопје, придружуван од бизнис делегација и додаде дека тоа ќе се случи наскоро.
Тој вели дека фунцкионери од двете страни ќе се сретнат за да ги исѕтражат начините за продлабочување на билатералната соработка во серија области од заеднички интерес, вклучувајќи трговија, туризам, безбедност, енергија и култура.