ЛУК ПЕРИ, ЅВЕЗДАТА НА „БЕВЕРЛИ ХИЛС 90210“, ПОЧИНА НА 52 ГОДИНИ

    ЛУК ПЕРИ, ЅВЕЗДАТА НА „БЕВЕРЛИ ХИЛС 90210“, ПОЧИНА НА 52 ГОДИНИПери заврши во болница минатата среда откако претрпи мозочен удар (Фото: Гети)

    Лук Пери, актерот кој се прослави во хит-серијата „Беверли Хилс 90210“, почина на 52 години, пет дена откако претрпи тежок мозочен удар.

    Тој ја почнал актерската кариера на 16-годишна возраст и по неколку помали улоги, вистински пробив направи со тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, кадешто речиси десет години го играше Дилан Мекеј. Серијата стана феномен, а Пери го лансираше во голем тинејџерски идол.

    Последниве години беше актуелен со серијата на „Нетфликс“, „Ривердејл“, а постхумно ќе се појави и во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, кадешто го игра вистинскиот актер Вејн Маундер.

    Веста дека Пери завршил во болница дојде истиот ден кога беше објавено дека дел од оригиналната постава на „Беверли Хилс“ ќе снима нова серија со истите, повозрасни ликови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира