ХИЛАРИ КЛИНТОН НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИТЕ ВО 2020

    ХИЛАРИ КЛИНТОН НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА НА ИЗБОРИТЕ ВО 2020Ги отфрли шпекулациите дека повторно ќе го предизвика Трамп. - Хилари Клинтон (Фото: АФП)

    Хилари Клинтон објави дека нема да се кандидира за претседател во 2020 година, откако на претходните избори доживеа шокантен пораз од Доналд Трамп.

    „Нема да влезам во трката, но ќе продолжам да работам, зборувам и да се залагам за она во што верувам“, изјави Клинтон.

    Како кандидатка на Демократите, се очекуваше Хилари Клинтон да стане прва американска претседателка, но загуби од Трамп во 2016.

    „Не верувам дека во иднина ќе се борам за некоја јавна функција. Зборував со сите демократски кандидати за претседател и им кажав ништо да не земаат здраво за готово“, кажа Клинтон во своето прво интервју откако се појавија шпекулации дека повторно би можела да се кандидира.

    Неколку жени веќе најавија дека сакаат да го предизвикаат Трамп, како Елизабет Ворен, Камала Харис, Ејми Клобучар и Кирстен Гилибренд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира