ВЕНЕЦУЕЛА ЧЕТВРТИ ДЕН БЕЗ СТРУЈА, МАДУРО ГИ ОБВИНИ САД ЗА САЈБЕРНАПАД

    ВЕНЕЦУЕЛА ЧЕТВРТИ ДЕН БЕЗ СТРУЈА, МАДУРО ГИ ОБВИНИ САД ЗА САЈБЕРНАПАДЖителите на Каракас си ги полнат мобилните телефони на јавни соларни панели (Фото: Ројтерс)

    Венецуелците веќе четврти ден се разбудија без електрична енергија, што ги зголеми грижите како овој досега невиден прекин ќе се одрази врз здравството, комуникациите и сообраќајот.

    Претседателот Николас Мадуро изјави дека затемнувањето е резултат на саботажа на хидроцентралата Гури и за тоа ги обвини САД, но експертите велат дека ова се должи на долги години неинвестирање.

    „Националниот електричен систем беше предмет на неколку сајбернапади. Како и да е, преземаме огромни напори да обезбедиме стабилно и постојано снабдување со струја во наредните часови“, напиша Мадуро на Твитер.

    Колапсот почна во четвртокот попладне, што само се надоврза на веќе постојните проблеми во државата, како хиперинфлација и недостиг на храна и лекови. Без подземна железница, жителите на Каракас се принудени да пешачат со часови до работа, храната се расипува, а телефонските врски и интернет сигналот работат наизменично.

    Експертите велат дека прекинот најверојатно се должи на дефекти во преносниот систем, а владата нема опрема и екипи да ги поправат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира