30 ПОВРЕДЕНИ ПРИ ТУРБУЛЕНЦИЈА НА ЛЕТ НА ТУРКИШ ЕРЛАЈНС ЗА ЊУЈОРК

    30 ПОВРЕДЕНИ ПРИ ТУРБУЛЕНЦИЈА НА ЛЕТ НА ТУРКИШ ЕРЛАЈНС ЗА ЊУЈОРКАвионот бил над Атлантскиот океан, околу 45 минути пред слетување, кога налетал на турбуленција.(Фото:АП)

    Авион на Туркиш Ерланјс, на лет од Истанбул до Њујорк, беше погоден од силни турбуленции пред да слета, при што 30 луѓе беа повредени. Авионот слета безбедно, соопштија властите.

    Од авиокомпанијата велат дека авионот Боинг 777 со 326 патници и 18 членови на екипажот слета безбедно откако претрпе турбуленции, додавајќи дека 28 патници и двајца членови на екипажот се здобиле со повреди, но тие не биле опасни по живот и биле однесени во локални болници со исеченици, отоци и модрици.

    Една стјуардеса ја скршила ногата, кажа портпаролот на агенцијата во Њујорк што оперира со аеродроми, автобуски терминали, мостови и тунели.

    Авионот бил над Атлантскиот океан, околу 45 минути пред слетување, кога налетал на турбуленција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира