ЛОКАЛИТЕТОТ СТОБИ ЛАНИ ИМАЛ РЕКОРДНИ 20.000 ПОСЕТИТЕЛИ, НАЈМНОГУ ОД ХОЛАНДИЈА

    ЛОКАЛИТЕТОТ СТОБИ ЛАНИ ИМАЛ РЕКОРДНИ 20.000 ПОСЕТИТЕЛИ, НАЈМНОГУ ОД ХОЛАНДИЈАСтоби е достапен за туристите бидејќи се наоѓа веднаш до автопатот (Фото: СДК.МК)

    Минатата година, археолошкиот локалитет Стоби забележал рекордна посетеност. Го посетиле над 20.000 туристи, повеќето странски, додека домашните најчесто биле ученици во рамките на организирани екскурзии. Директорот на НУ Стоби, Спасе Перовски, вели дека бројот на посетителите, особено странските, од година во година расте, а причина за тоа бил автопатот што минува покрај локалитетот.

    „Има прогрес во вкупниот број на посетители. Минатата година беше достигнат рекорд од преку 20.000 посетители. Најмногу се од Холандија, Полска, Чешка, Германија, Србија, Бугарија, а ги има и од Соединетите Американски Држави и Австралија“, изјави директорот Перовски.

    Туристите кои го посетиле локалитетот најголем интерес покажувале за Античкиот театар, Епископската базилика и нејзиниот мозаик, Теодосијанската палата, храмот на Изида… Според директорот Перовски, рекордната посетеност се должи на одличната организација и на атрактивните градби и мозаици со кои располага самиот локалитет.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира