ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ ЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА НА ИМАГО

    ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ ЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА НА ИМАГОДиректорката на фестивалот, Гена Теодосиевска со британскиот оскаровец Роџер Дикинс, добитник на Златна камера 300 за животно дело на ланското издание на „Браќа Манаки“ (Фото: ИФФК „Браќа Манаки“)

    Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја доби меѓународната награда на Меѓународната асоцијација на кинематографери ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност.

    Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благој Куновски-Доре утре во Белград ќе ја примат наградата во присуство на светски познати имиња од филмската сцена.

    „Македонскиот фестивал е единствената институција на која и’ е доделено ова високо признание од ИМАГО“, велат од фестивалот.

    На истата свеченост ќе им бидат доделни награди на познатиот американски кинематографер Едвард Лакман за животно дело, на Рејчел Морисон, кинематограферка од САД и на оскаровецот Дејвид Стамп за извонредни технички достигнувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира