БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА КОШАРКАРИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИ

    БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА КОШАРКАРИТЕ ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИОва е шести медал на Специјалната олимпијада Македонија на Летните олимписки игри Абу Даби 2019. (Фото: Фејсбук)

    Кошаркарскиот тим од Специјалната олимпијада Македонија освоија бронзен медал на Летните олимписки игри, кои се одржуваат во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати. Специјалната олимпијада Македонија на социјалните мрежи објави дека кошаркарскиот тим предводен од тренерите Ана Прекукрака Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски освоил бронзен медал по мечот со Буркина Фасо.

    Ова е шести медал на Специјалната олимпијада Македонија на Летните олимписки игри Абу Даби 2019, кои се одржуваат од 14 до 21 март со над 7.000 учесници од 190 земји кои се натпреваруваат во 24 спортови.

    Претходните денови два златни медали освоија две момчиња во пливање и две бронзени и еден сребрен медал освоија атлетичарите од тимот на Специјалната олимпијада Македонија, во кој годинава има 26 учесници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира