МАСОВНА ТЕПАЧКА НА ФАНОВИТЕ НА ДВЕ ЈУТЈУБ ЅВЕЗДИ ВО БЕРЛИН, ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ И СОЛЗАВЕЦ

    МАСОВНА ТЕПАЧКА НА ФАНОВИТЕ НА ДВЕ ЈУТЈУБ ЅВЕЗДИ ВО БЕРЛИН, ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ И СОЛЗАВЕЦТепачката почнала на плоштадот Александерплац, па се проширила на околните улици (Фото: Гети)

    Повеќе од 100 полицајци беа ангажирани за да се спречи масовна тепачка во Берлин, наводно организирана од две ривалски Јутјуб ѕвезди.

    Тепачката прво избила на плоштадот Александерплац во центарот на Берлин, при што биле уапсени девет лица.

    Повеќе од 400 луѓе се собраа откако двајцата инфлуенсери ги повикаа своите фанови да им се придружат. Додека тензиите ескалираа, во мешаницата се вклучија повеќе од 50 луѓе, па полицијата мораше да употреби солзавец и спреј, откако не успеа да ја растера масата со мегафон. Тепачките потоа се проширија и на околните улици, при што биле употребени и камења.

    Берлинските медиуми објавија дека двајца полицајци и шестмина учесници во тепачките се повредени.

    Тепачката произлегла од спор помеѓу две Јутјуб ѕвезди од Берлин и Штутгарт, што тие го демантираа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира