ТРСКАТА ПАК ГОРЕШЕ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, ОД ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛАТ ДЕКА ИМААТ ПАТРОЛИ НА ТЕРЕН

    ТРСКАТА ПАК ГОРЕШЕ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, ОД ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛАТ ДЕКА ИМААТ ПАТРОЛИ НА ТЕРЕНТрската се пали во континуитет повеќе од две недели и засега никој не одговарал за опожарувањето на трските. (Фото: СДК.МК)

    Трската и синоќа гореше кај Подмолје на охридскиот дел од брегот на езерото. Ова се случува во континуитет повеќе од две недели и засега никој не одговарал за опожарувањето на трските.

    Од охридската полицијата претходно најавија дека ќе бидат формирани мешани патроли на СВР-Охрид и од шумската полиција. Патролите се веќе на терен, но имаат проблем во даден момент да го покријат целото подрачје. Пироманите многу брзо менуваат локацијата каде што подметнуваат пожар.

    „Луѓето се на терен и секој што ќе биде откриен во вршење на недозволени активности ќе биде санкциониран според позитивните законски прописи“, ни изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира