МИНИСТЕРКАТА ЗА ПРАВДА ДЕСКОСКА БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ БАРА АМНЕСТИЈА ЗА КРИМИНАЛИТЕ И ДА РАБОТИ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

    МИНИСТЕРКАТА ЗА ПРАВДА ДЕСКОСКА БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ БАРА АМНЕСТИЈА ЗА КРИМИНАЛИТЕ И ДА РАБОТИ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈАМинистерката за правда Рената Дескоска го повика ВМРО-ДПМНЕ да ги напише најавените забелешки на законот. (Фото: Влада на РСМ)

    Секоја сериозна партија со европска ориентација би ја ставила европската иднина на својата држава пред личните интереси и барања за амнестија на своите високи партиски функционери опфатени во истрагите на СЈО, со соопштение министерката за правда Рената Дескоска посочи каде е проблемот што ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето на Законот за Јавно обвинителство со кој ќе се утврди статусот на СЈО како автономна институција.

    Во Законот за Јавното обвинителство кој го испрати Министерството за правда во собраниска процедура се имплементирани сите меѓународни принципи.

    „Министерството за правда тоа го укажа на средбите со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и го презентираше пред јавноста. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ уште на првата средба искажа несогласување со одредени одредби од законот и презеде обврска да достави амандмани. Јавноста е веќе информирана дека, наместо амандмани, од ВМРО-ДПМНЕ добивме есеистички текст во кои беа наброени меѓународни документи“, повика Дескоска ВМРО-ДПМНЕ да ги напише најавените забелешки на законот.

    „Денеска повторно потсетуваме на неисполнетата обврска од страна на ВМРО-ДПМНЕ и го поставуваме прашањето за причините за тоа: Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува оваа обврска за да не го стави на хартија барањето за амнестија на случаите кои ги води Специјалното јавно обвинителство? Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува оваа обврска за да не ја стави на хартија својата желба за неказнивост на случаите на корупција и криминал од поранешната власт?“, прашува Дескоска.

    Во оваа прилика, повторуваме дека донесувањето на Законот за јавно обвинителство е клучно за отворање преговори за Европската Унија, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира