ИТНО ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ДОКТОРКАТА КОЈА ОСТАНА БЕЗ КАПИТАЦИЈА ОТИ ОСТАНА БЕЗ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, А ПОТОА ДА СЕ НАЈДЕ И СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ, ПОБАРА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    ИТНО ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ДОКТОРКАТА КОЈА ОСТАНА БЕЗ КАПИТАЦИЈА ОТИ ОСТАНА БЕЗ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, А ПОТОА ДА СЕ НАЈДЕ И СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ, ПОБАРА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО„Знаеме дека работат и бараат решение, но во случајов колешката не добива капитација, а тоа значи дека нема плати и нема здравствено осигурување. Тоа е под достоинството на докторската дејност“, вели претседателката на Лекарската комора д-р Калина Старделова-Гривчева (Фото: СДК.МК)

    Извршниот одбор на Лекарската комора по денешната седница испрати барање до Фондот за здравствено осигурување ургентно да го решат проблемот со лекарката од Виница, која поради тоа што остана без медицинска сестра со месеци не добива капитација.

    Здружението на приватни лекари денес најави дека одлучиле да излезат на протестен марш низ улиците на Скопје, доколку не се најде решение за овој проблем, а датумот на протестот допрва ќе го утврдат.

     Претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева-Старделова вели дека вакво барање и до Фондот за здравствено осигурување и до Министерството за здравство упатиле уште во декември. Таа вели дека сега само го повториле барањето да се најде решение за колешката, а понатаму да се најде и системско решение, бидејќи ова може да се случи и кај други лекари, бидејќи за неколку години ќе останат без сестри кои заминуваат во пензија.

    „Знаеме дека работат и бараат решение, но во случајов колешката не добива капитација, а тоа значи дека нема плати и нема здравствено осигурување. Тоа е под достоинството на докторската дејност. Сериозни сме во барањето до институциите да го решат проблемот. Ова не е проблем само на докторите, туку се јавува и кај стоматолози. Не е решение да се затвори ординацијата, тоа е најлошо можно решение. Имаме региони каде има сериозен недостиг и од доктори, но и од медицински сестри“, вели Гривчева-Старделова.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира