Партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Перистера Бети Базијана, положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел за време на денешната историска посета на грчката делегација.
Таа живее со Ципрас повеќе од 20 години како невенчана сопруга и имаат два сина. Базијана е електротехнички инженер, не сака медиумско внимание и ретко се појавува во јавност.
Романот „Алексис Зорбас“ на грчкиот писател Никос Казанѕакис е инспириран од неговиот пријател Јорго Зорбас. Казанѕакис има напишано дека Јорго Зорбас во 1922 година заедно со ќерката Екатерина од Солун со воз дошол во Скопје каде што останал да живее до смртта во 1941 година. Бил погребан во близина на Скопје, за подоцна неговите правнуци да ги префрлат неговите останки во семејната гробница во Бутел.