ЗА СТАТУСОТ НА СЈО МОЖЕН Е КОМПРОМИС, НО НЕ И ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ И ПРОПАЃАЊЕ НА ДОКАЗИТЕ, КАЖА ДЕСКОСКА ПО ДЕНЕШНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ОПОЗИЦИЈАТА

    ЗА СТАТУСОТ НА СЈО МОЖЕН Е КОМПРОМИС, НО НЕ И ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ И ПРОПАЃАЊЕ НА ДОКАЗИТЕ, КАЖА ДЕСКОСКА ПО ДЕНЕШНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ОПОЗИЦИЈАТАМинистерката за правда Рената Дескоска вели дека дури и да не се постигне согласност за овој закон, има резервни варијанти за продолжување на истрагите. (Фото: Влада на РСМ)

    Ниту на денешната четврта средба на власта и опозицијата за иднината на СЈО не беше постигнат договор. Сепак, министерката за правда Рената Дескоска кажа дека за статусот на Специјалното јавно обвинителство како посебна структура во редовното обвинителство ќе може полесно да се дојде до компромис, додека во делот за почнатите постапки и за употребата на доказите не може да има компромис, бидејќи, како што кажа таа, тоа практично значи амнестирање на криминал.

    „Нашиот став е дека не смее да се дозволи со затворање на која било постапка со закон да пропаднат докази и со тоа да се случи практично амнестирање на криминал. Во делот на статусот тука ќе може полесно да се најде решение, бидејќи пораката на меѓународната заедница за Специјалното јавно обвинителство со посебна структура од обвинителството за организиран криминал, со утврдени надлежности и функционалност во гонењето на криминалот беше многу јасно кажано и мислам дека тука можеме полесно да дојдеме до одредени компромисни решенија, рече Дескоска по средбата во Министерството за правда.

    Таа кажа дека дури и да не се постигне согласност за овој закон, има резервни варијанти за продолжување на истрагите за продолжување на постапките, но сепак се надева сепак на решение кое ќе значи носење на нов Закон за Јавно обвинителство.

    Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека останува желбата да продолжат овие консултации со надеж дека ќе најдат одредено компромисно решение кое Собранието ќе може да го поддржи со консензус, бидејќи, како што рече, консензуално донесен закон за јавно обвинителство ќе значи долгорочно решение кое не би се отворало и политизирало повторно во краток период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира