БРУНЕЈ ГО ВОВЕДЕ ЗАКОНОТ СО КОЈ ХОМОСЕКСУАЛЦИ ЌЕ СЕ КАМЕНУВААТ ДО СМРТ

    БРУНЕЈ ГО ВОВЕДЕ ЗАКОНОТ СО КОЈ ХОМОСЕКСУАЛЦИ ЌЕ СЕ КАМЕНУВААТ ДО СМРТСултанот Хасанал Болкија повика на „построго почитување и применување на исламски учења“ (Фото: ЕПА)

    Малиот азиски султанат Брунеј го воведе новиот строг исламски закон кој предвидува казнување на хомосексуалци со каменување до смрт, потег што предизвика широка меѓународна осуда. Законот денеска стапи на сила, а меѓу другите нови мерки е и што грабеж ќе се казнува со ампутација на рака или стапало.

    Ова уследи откако моќниот султан Хасанал Болкија повика на „построго почитување и применување на исламски учења“.

    Малата геј заедница во Брунеј изрази шок и страв од, како што ги нарече, „средновековните казни“, а Обединети нации ги опишаа законите како „сурови и нечовечни“.

    Контроверзниот закон беше донесен уште во 2013 година, но владата тогаш кажа дека ќе бидат потребни неколку години пред да почне да се применува.

    Со новите мерки, смртна казна е предвидена и за силување, содомија, педофилија, грабеж и за навреда на пророкот Мухамед. Лезбиски секс, пак, ќе се казнува со 40 удари со стап или со десет години затвор, а јавни камшикувања ќе има и за абортус. Законите првенствено ќе се однесуваат на муслиманите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира