ВО БУДИМПЕШТА СЕ ОДРЖА ПАРАДА НА ГЛУПАВО ОДЕЊЕ

    ВО БУДИМПЕШТА СЕ ОДРЖА ПАРАДА НА ГЛУПАВО ОДЕЊЕПарадата е инспирирана од познатиот скеч на британската комичарска група Монти Пајтон.(Фото: Би-Би-Си/принтскрин)

    Стотици Унгарци маршираа низ центарот на Будимпешта на парада на глупаво одење, копирајќи ги несекојдневните потези од познатиот скеч на британската комичарска група Монти Пајтон по повод 1 април.

    Парадата беше организирана од Бенедек Патрок, кој кажа дека настанот им овозможува на луѓето да заборават на секојдневните проблеми.

    Учесниците, вклучувајќи млади и стари, имаа едноминутно загревање пред да тргнат на марш од три круга близу метро станица, која опслужува неколку скапи хотели во центарот на Будимпешта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира