Одмаздниците на „Марвел“ помогнаа во собирање на донација од 5 милиони долари за помош на тешко болни деца во болниците низ светот.
Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Скарлет Јохансон, Џереми Ринер, Пол Рид и Бри Ларсон на настанот во Дизни ресортот во Анахајм, Калифорнија донираа пари и играчки кои ќе бидат наменети за хуманитарни организации и детски болници.
„Повеќе од кога било, сега е време да им се оддолжиме на овие храбри деца кои нѐ инспирираат“, рече Дауни Џуниор, кој ги игра Тони Старк и неговото алтер-его Ајронмен.
Компанијата „Дизни“ донираше еден милион долари на Фондацијата за деца „Старлајт“, која се грижи за образованието на децата кои се во тешка здравствена состојба во повеќе земји, како САД И Велика Британија. Повеќе компании како „Лего“ и „Амазон“ донираа повеќе од 4 милиони долари за детските болници во светот.
„Благодарерн сум и трогнат дека сум дел од оваа акција. Работам со многу деца и семејства. Не се работи само за децата, туку за целото семејство. Голем чест е да можеш да им се оддолжиш“, рече Пол Рид, кој го игра Ентмен.
„Одмаздници: завршна игра“ во кината ќе игра од 26 април и со времетраењето од 182 минути, ќе биде најдолгиот филм на „Марвел“ досега.