Режисерот Златко Славенски почина денес потврдија Факултетот за драмски уметности за САКАМДАКАЖАМ.МК, каде Славенски беше професор и шеф на катедрата за театарска режија. Имаше 53 години.
Неофицијално, на Славенски му се слошило за време на час со студентите.
Славенски во богатата кариeра ги има поставувано текстовите на Шекспир, Гете, Пинтер, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски.
Меѓу насловите кои ги има поставено се: „Будење“, „Соларис“, „Папокот на светот“, а меѓу последните претстави му беа „Бесови“ во 2011 и „Сината птица“ во Македонскиот народен театар (МНТ) во 2014 и „Кавкаски круг со креда“ во Драмски театар во 2013.
Славенски беше во брак со актерката од МНТ Искра Ветерова.
Б. НЕСТОРОСКА