ОБВИНИТЕЛСТВОТО ТРЕБА ДА ПОСТАПИ АКО ИМА ДОКАЗИ ЗА СТРУКТУРИ НА ФЕТО, БЕЗ ДА ПОБАРА ТУРЦИЈА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ТРЕБА ДА ПОСТАПИ АКО ИМА ДОКАЗИ ЗА СТРУКТУРИ НА ФЕТО, БЕЗ ДА ПОБАРА ТУРЦИЈА, РЕЧЕ ЗАЕВ„За нас е важно и домашното и меѓународното законодавство, но и пријателството со Турција. Важно да покажеме дека таму каде има докази ќе постапиме, но истовремено сме европска земја и претендираме да бидеме членка на ЕУ и мора да ги почитуваме меѓународните регулативи“, рече премиерот Зоран заев (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека ако има докази за постоење на структури на организацијата ФЕТО, за која Република Турција предупреди дека им штети на односите на двете земји, Јавното обвинителство треба да преземе мерки согласно тие докази, независно од предупредувањата на Турција. Одговарајќи на новинарско прашање на настан во Агенцијата за млади и спорт, како државата ќе постапи по предупредувањето од Турција и барањето за екстрадиција на членови од оваа организација, Заев рече:

    „Турција е голем пријател. Нивните очекувања ги темелат со нивни аргументи што ги имале како сознанија во Турција. Ние постапуваме според меѓународните правила и договори и регулативи, кои постојат во нашата земја. За ваквите предмети постапува Јавното обвинителство. Доколку има докази тие треба да постапат и без да го бара тоа Турција од нас. Дури и да биде за кој било друг граѓанин надвор за екстрадиција. За нас е важно и домашното и меѓународното законодавство, но и пријателството со Турција. Важно да покажеме дека таму каде има докази ќе постапиме, но истовремено сме европска земја и претендираме да бидеме членка на ЕУ и мора да ги почитуваме меѓународните регулативи“.

    Турција ја смета ФЕТО за терористичка организација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира