ПЕТТИ МАНДАТ ЗА НЕТАНЈАХУ, ЌЕ СТАНЕ ПРЕМИЕР СО НАЈДОЛГ СТАЖ ВО ИСТОРИЈАТА НА ИЗРАЕЛ

    ПЕТТИ МАНДАТ ЗА НЕТАНЈАХУ, ЌЕ СТАНЕ ПРЕМИЕР СО НАЈДОЛГ СТАЖ ВО ИСТОРИЈАТА НА ИЗРАЕЛЌе предводи нова десничарска коалиција. - Бенјамин Нетанјаху со сопругата Сара (Фото: Ројтерс)

    Иако се соочува со обвиненија за корупција, премиерот Бенјамин Нетанјаху е на прагот да го обезбеди рекордниот петти мандат по вчерашните парламентарни избори во Израел, кои навестуваат победа на нова десничарска коалиција.

    Неговата партија Ликуд се очекува да освои ист број пратенички места како и алијансата Сино и бело на поранешниот шеф на армијата Бени Ганц. Ликуд и нејзините десничарски партнери ќе го сочинуваат најголемиот блок во тамошниот парламент Кнесет со 65 пратеници од можни 120.

    Шеесет и деветгодишниот Нетанјаху со ова ќе стане најдолговечниот премиер во историјата на Израел, надминувајќи го основачот на државата Давид Бен-Гурион.

    „Ќе имаме десничарска влада и јас ќе бидам премиер“, кажа Нетанјаху против кого се најавени обвиненија за незаконско примање скапи подароци.

    Излезните анкети предвидуваа тесна трка без јасен победник, откако и Нетанјаху и Ганц прогласија победа синоќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира