ОБЈАВЕНА ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД ЦРНА ДУПКА ДОСЕГА – ПОГОЛЕМА Е ОД ЦЕЛИОТ НАШ СОНЧЕВ СИСТЕМ

    ОБЈАВЕНА ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД ЦРНА ДУПКА ДОСЕГА – ПОГОЛЕМА Е ОД ЦЕЛИОТ НАШ СОНЧЕВ СИСТЕМСнимената црна дупка се наоѓа на оддалеченост од 500 милиони трилиони километри (Фото: ЕХТ)

    Астрономите денеска ја објавија првата фотографија на црна дупка досега, лоцирана во далечна галаксија.

    Со размер од 40 милијарди километри, три милиони повеќе од големината на Земјата, таа од научниците е опишана како чудовиште.

    Снимената црна дупка се наоѓа на оддалеченост од 500 милиони трилиони километри и била фотографирана од мрежа од осум телескопи распоредени низ светот.

    „Црната дупка е пронајдена во галаксија наречена М87. Она што го гледаме е поголемо од нашиот цел Сончев систем. Таа има маса 6,5 милијарди пати поголема од Сонцето и е една од најтешките црни дупки за кои веруваме дека постои. Таа е вистинско чудовиште, тешкашкиот шампион меѓу црните дупки во универзумот“, изјави професорот Хајно Фалке од универзитетот Радбоуд во Холандија, кој го предложи овој експеримент.

    Фотографијата покажува интензивно светол „прстен од оган“, појасни Фалке, а работ на темниот круг во центарот е точката кадешто гасот влегува во црната дупка. Таа има толку голема гравитациона сила, што ниту светлината и електромагнетското зрачење не можат да избегаат.

    Проектот чинел меѓу 50 и 60 милиони долари, а фотографијата била направена за период од четири дена, во очекување на совршени временски услови низ цел свет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира