АКО ГИ ХРАНИТЕ ЖИВОТНИТЕ, ЌЕ ВЕ ИЗБРКААТ ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

    АКО ГИ ХРАНИТЕ ЖИВОТНИТЕ, ЌЕ ВЕ ИЗБРКААТ ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКАНа таблите на македонски, албански и англиски јазик е напишано дека хранењето на животните е строго забрането, посетителите не треба да ги допираат животните ниту да удираат по кафезите и да ги вознемируваат- Жирафите во скопската Зоолошка. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Посетителите кои ќе им даваат храна на животните во скопската Зоолошка веднаш ќе бидат отстранети од градината. Од вчера на пет локации низ Зоолошката се поставени информативни табли, на кои е напишан кодексoт на однесување на посетителите. На таблите на македонски, албански и англиски јазик е напишано дека хранењето на животните е строго забрането, посетителите не треба да ги допираат животните ниту да удираат по кафезите и да ги вознемируваат.

    „Искрено се надеваме дека посетителите ќе ги почитувате правилата за поубава градина и благосостојба на животните. Освен што ќе бидат отстранети планираме да воведеме и казни за хранење на животните. Навистина имаме проблем, им се дава секаков вид храна, дури и таква која е опасна за нив“, велат од Зоолошката градина.

    Низ Зоолошката градина во понеделникот беа поставени и патокази со кои посетителите полесно ќе можат да се снајдат каде се наоѓаат живеалиштата на животните. По 13 години исчистено беше и езерото, кое сега е и хортикултурно уредено и поставен е брод со детски реквизити.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира