ПОЧИНА БИБИ АНДЕРСОН, ОМИЛЕНАТА АКТЕРКА НА ИНГМАР БЕРГМАН

    ПОЧИНА БИБИ АНДЕРСОН, ОМИЛЕНАТА АКТЕРКА НА ИНГМАР БЕРГМАНСоработката со Бергман ја почна уште на 15 години. - Биби Андерсон со Лив Улман во „Персона“

    Шведската актерка Биби Андерсон, која се прослави со улогите во филмовите на легендарниот режисер Ингмар Бергман, почина на 83 години, потврди нејзината ќерка Џени Греде Далстранд.

    Андерсон почнала да соработува со Бергман уште на 15-годишна возраст, прво во реклами, за потоа да ги оствари најпознатите улоги во неговите филмови „Седмиот печат“ (1957), „Диви јагоди“ (1957) и „Персона“ (1966).

    Во кариерата долга речиси шест децении, таа остварила повеќе од 100 филмски и телевизиски улоги и беше наградена со Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 1963 година.

    „Иако нејзината кариера е тесно поврзана со Бергман, Биби Андерсон, пред сè, беше своја актерка. Иако често играше едноставни и понекогаш слабо напишани ликови, таа знаеше да ги издигне тие улоги на високо ниво“, изјави Јан Холмберг, извршниот директор на фондацијата „Ингмар Бергман“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира