ОБЕЗБЕДЕНИ СОВРЕМЕНИ ФАКТОРИ ЗА КОАГУЛАЦИЈА – ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХЕМОФИЛИЈАТА

    ОБЕЗБЕДЕНИ СОВРЕМЕНИ ФАКТОРИ ЗА КОАГУЛАЦИЈА – ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХЕМОФИЛИЈАТАЗдружението на хемофиличари со пуштање црвени балони на Плоштад Македонија се приклучи на Светската федерација за хемофилија во одбележување на Светскиот ден на хемофилија (К. Попов)

    Здружението на хемофиличари го одбележа Светскиот ден на хемофилијата 17 Април на Плоштад Македонија со пуштање црвени балони. Претседателката на здружението Хематолог Цветанка Наќеска и преседателот на на извршниот одбор на здружението Муедин Зибери кажаа дека во изминатиот период се направени многу промени и дека е пред формирање Комитет за хемофилија. Тие велат дека сега имаат терапија и порачаа дека треба да се зголеми бројот на нови терапии за третман на овие лица.

    Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се обезбедени нови фактори за коагулација со кои се намалуваат компликациите при лекувањето на лицата со хемофилија. Тој рече дека направиле многу промени во кои биле вклучени и стручњаците од областа, но и здруженијата на пациенти кои страдаат од оваа болест. Според него, за сите 320 пациенти кои се во регистарот, од кои 46 се деца, е обезбедена терапија која е набавена на национално ниво.

    Филипче кажа дека е донесена и 10-годишна Национална стратегија за хемофилија за која се одредуваат начините за рано откривање и ран почеток на третман на оваа болест.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира