3 ГОДИНИ СЕ ГРАДИ КРУЖНИОТ ТЕК ВО КИСЕЛА ВОДА, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ОВАА ГРАДЕЖНА СЕЗОНА

    3 ГОДИНИ СЕ ГРАДИ КРУЖНИОТ ТЕК ВО КИСЕЛА ВОДА, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ОВАА ГРАДЕЖНА СЕЗОНАПоради нересчистени имотно-правни односи, градежните работи се стопирани. (Фото: СДК.МК)

    Кружниот тек во Кисела Вода три години од стартот на градежните работи сѐ уште не е готов, ниту пак на терен не се одвиваат некакви градежни работи. Кружниот тек, кој е дел од пробивањето на булеварот Србија до улицата Христо Татарчев, почна да го гради ексградоначникот Коце Трајановски. Но, поради нересчистени имотно-правни односи, градежните работи беа стопирани, па граѓаните возеа по раскопана сообраќајница.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека оваа градежна сезона ќе почне да се работи на кружниот тек и на улиците со кои треба да се поврзе.

    „На кружниот тек е поставен еден слој асфалт за да не возат граѓани по дупки. Останаа нерешени уште три имоти кои се наоѓаат на трасата. При крај сме во постапката на договорање со сопствениците и очекувам дека пролетва ќе почнеме со градежни работи и оваа градежна сезона ќе го завршиме кружниот тек“, вели Шилегов.

    Жителите од улиците Христо Татарчев 1 и 11 во Припор по почетокот на градежните активности протестираа, велејќи дека со проектот со бетонски ѕид се затвора нивната улица. Шилегов вели дека ниту една улица која ќе се поврзува со кружниот тек нема да биде затворена со бетонска ограда.

    Кружниот тек, кој е дел од проектот за проширување на булевар Србија и поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода, чини 1,5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира