ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ДОГОВАРААТ ДАЛИ СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА ЌЕ ЈА УПОТРЕБАТ ЗА КОМЕНТИРАЊЕ И РЕВОЛТ ОД ДВЕ СУДСКИ ПРЕСУДИ

    ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ДОГОВАРААТ ДАЛИ СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА ЌЕ ЈА УПОТРЕБАТ ЗА КОМЕНТИРАЊЕ И РЕВОЛТ ОД ДВЕ СУДСКИ ПРЕСУДИТочката за Судски совет беше искористена за да се критикува судството и за вчерашните пресуди од 19 години за двајцата кои беа обвинети дека свирепо го убиле лани во јуни Никола Саздовски. - Од денешната седница во Собранието (Фото: К. Попов)

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски побара координација од еден час без јавно да каже зошто, на денешната собраниска седница на која се прегласуваат вратените закони од Ѓорге Иванов, но на која има и такви за расправа во второ читање.

    Тоа се закони кои уште не се комплетно изгласани, како што е Законот за Судски совет, кој требаше да биде втора точка. Но, од пратениците од ДУИ беше искористена да упатат критики за судската одлука да ја констатира оставката на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман Реџепи, кој вели дека нема такво нешто и не дал никогаш оставка.

    Точката за Судски совет беше искористена за да се критикува судството и за вчерашните пресуди од 19 години за двајцата кои беа обвинети дека свирепо го убиле лани во јуни Никола Саздовски.

    Првин Џафери со поддршка на пратениците оваа точка ја стави последна за расправа, а потоа, тамам се прегласаа 13-ина од непотпишаните закони на Иванов, координаторот на СДСМ ја побара паузата.

    Неофицијално, пратениците велат дека ќе пробаат да се договорат за Законот за Судски совет да нема расправа, освен за двата поднесени амандмана, бидејќи се работи за млад изгубен живот на свиреп начин и за повеќегодишни затворски казни на две лица, кои ќе треба да ги издржуваат во најубавите години од својот живот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира