ФОТОГАЛЕРИЈА – ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ПИК СЕГЕД ВО ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

    ФОТОГАЛЕРИЈА – ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ПИК СЕГЕД ВО ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР НА ДОМАШЕН ТЕРЕНРеванш натпреварот за пласман на фајнл форот во Келн ќе се игра на 5 мај во Унгарија. - Ракометарите на Вардар по победата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ракометарите на Вардар со осум голови разлика вечерва го победија унгарскиот ПИК Сегед, во првиот натпревар во четврт-финалето на Лигата на шампиони. Во веројатно последниот натпревар на овој состав на Вардар во салата Јане Сандански, ПИК Сегед беше поразен со 31:23 (14:12).

    Реванш натпреварот за пласман на фајнл форот во Келн ќе се игра на 5 мај во Унгарија.

    Оваа сезона е веројатно последна за шампионскиот состав на Вардар откако минатата недела газдата Сергеј Самсоненко најави повлекување од клубот на крајот на оваа сезона, бидејќи не му биле исполнети ветувањата дека ќе добие финансиска поддршка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира