ФОРМИРАЊЕТО НА НОВА ВЛАДА ВО ШПАНИЈА МОЖЕ ДА ЗАВИСИ ОД ЕДНА ПОРАЗЛИЧНА КРАЈНА ДЕСНИЦА

    ФОРМИРАЊЕТО НА НОВА ВЛАДА ВО ШПАНИЈА МОЖЕ ДА ЗАВИСИ ОД ЕДНА ПОРАЗЛИЧНА КРАЈНА ДЕСНИЦАОснована во 2013 година, Вокс се дистанцираше од диктаторот Франко, но сепак дели некои негови идеи (Фото: Гети)

    Вокс, новата брзорастечка десничарска партија во Шпанија, ја покажа својата сила кога помогна да се формира коалициона влада во Андалузија по ланските регионални избори, кадешто Социјалистичката работничка партија беше неприкосновена од 1982 година.

    Таа ќе има можност да го повтори овој успех на пошироко ниво, кога утре ќе се одржат парламентарни избори во Шпанија и потоа да поддржи досега невидена национална владина коалиција.

    Социјално екстремно конзервативна, а економски либерална, Вокс е дел од пошироко крајнодесничарско движење кое се појави низ Европа, тренд на кој Шпанија досега беше имуна. Она што ја разликува од крајната десница во Италија и Франција е што ја поддржува идејата за Европска Унија, за разлика од владејачките партии во Унгарија и Полска, посветена е на демократијата, но во исто време го усвои и прилагоди победничкиот слоган на Трамп, „Да ја направиме Шпанија повторно голема“.

    „Шпанија беше единствената држава без влијателна крајнодесничарска партија, но тоа сега се промени“, вели Хоан Ботелја, професор по политички науки од Барселона.

    Зајакнувањето на Вокс, основана во 2013 година, предизвика протести и загриженост околу натамошно поларизирање на Шпанија, имајќи предвид дека, иако се дистанцираше од него, таа дели некои идеи на поранешниот диктатор Франко.

    Се проценува дека ниту една партија не може да обезбеди мнозинство на утрешното гласање, што дури ги зголемува шансите за нови избори. Според последните анкети, Вокс ќе освои 11% гласови, што ја прави трета најсилна партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира