БРАЗИЛСКИ МАНЕКЕН ПОЧИНА НА ПИСТА ЗА ВРЕМЕ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО САО ПАУЛО

    БРАЗИЛСКИ МАНЕКЕН ПОЧИНА НА ПИСТА ЗА ВРЕМЕ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО САО ПАУЛООткако Талес Соареш паднал, публиката помислила дека тоа е дел од шоуто (Фото: Гети)

    Бразилски манекен почина откако му се слошило на писта за време на Модната недела во Сао Пауло.

    Организаторите на настанот соопштија дека 26-годишниот Талес Соареш паднал за време на ревијата на модниот бренд „Окса“ и лекарски тим веднаш му укажал помош. Тој бил прогласен за мртов откако бил превезен во болница. Други детали за трагичниот настан не се објавени.

    Локалниот весник „Дејли фолја“ објави дека Соареш паднал откако се сопнал на врвките од обувките и публиката во прв момент мислела дека тоа е дел од настапот.

    „На Соареш наеднаш му се слошило за време на нашата ревија. Целиот тим е шокиран“, соопшти модната куќа „Окса“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира