ЗНАЕШ ЛИ КОЈ СУМ, ЈАС НИКАДЕ НЕ ПЛАЌАМ, СЕ НАЈЧЕСТИ ЗАКАНИ КОН ВРАБОТЕНИТЕ НА ПАРКИНЗИТЕ ВО ОХРИД

    ЗНАЕШ ЛИ КОЈ СУМ, ЈАС НИКАДЕ НЕ ПЛАЌАМ, СЕ НАЈЧЕСТИ ЗАКАНИ КОН ВРАБОТЕНИТЕ НА ПАРКИНЗИТЕ ВО ОХРИДНајмногу инциденти има на паркинзите во центарот на Охрид каде се дневно се паркираат неколку стотини возила, а цената за еден час паркирање е 30 денари (Фото: СДК.МК)

    Вработените на паркинзите во Охрид со кои стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ секојдевно добиваат закани од голем број возачи,  кои ги паркираат своите возила на паркиралиштата на кои се наплаќа.

    „’Знаеш ли кој сум, јас никаде не плаќам’, се најчестите закани кои ги добивам и тоа веднаш штом се доближам до возачот што го паркира возилото. Не ми дава шанса ниту да му кажам дека има упатство како да го плати паркирањето преку смс порака или со посебни карти што ние ги даваме за оние што не плаќаат по електронски пат. Ова е секојдневна појава. Нема ден да мине без вербална закана“, вели вработен на паркинг со кој стопанисува „Билјанини Извори“.

    Најмногу инциденти се забележани на паркинзите во централното градско подрачје каде се дневно се паркираат неколку стотина возила.

    Цената за еден час паркирање е 30 денари.

    „Вербалните закани кон нашите вработени на паркизните се речиси секојдневни. Доволно е само нашите луѓе да им се доближат на сопствениците на моторни возила за да им кажат дека треба да платат паркинг и да добијат закана. Забележавме дека тоа го прават лица во алкохолизирана состојба, но и други кои се повикуваат на својот статус, моќ во општеството. За среќа, бројот на физички напади врз наши вработени на паркинзите е минорен. Во текот на годината во просек имаме околу три физички пресметки“, вели директорката на „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска.

    Д. ЧУБРИЌ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира