Синоќа била ограбена скопската Зоолошката градина. Украден е голем дел од алатот со кој се одржува градината и причинета е поголема материјална штета вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски.
Крадците доцна вечерта влегле во Зоолошката прекачувајќи се преку оградата од паркот, во делот кај тениските терени „АБЦ“. Чуварот утрово кога вршел проверка низ градината забележал дека магацинот каде се чува алатот и ограбен и однесен голем дел од алатите.
„Украдени се косилки, моторни пили, бормашини и друг алат. Ниту едно живеалиште не е уништено. Навечер имаме еден чувар во градината, но бидејќи станува збор за голема површина не ги забележал крадците. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Зоолошката градина и денеска работи нормално“, вели Галетановски,
Крадците, како што велат од Зоолошката градина, не влегле во канцелариите и деловните простории.
А. АНТЕВСКА