ОХРИЃАНЕЦОТ ГОРАН ПАПАЗ ЌЕ СВИРИ ПРЕД ПАПАТА ВО СКОПЈЕ

    ОХРИЃАНЕЦОТ ГОРАН ПАПАЗ ЌЕ СВИРИ ПРЕД ПАПАТА ВО СКОПЈЕПапаз ќе настапи заедно со црковната музичка група „Агапе“, (Фото: Фејсбук)

    Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата Фрањо за време на неговата посета на Скопје на 7 мај.

    На покана од Католичката црква, Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред папата Фрањо. Настанот ќе се одржи во дворот на католичката црква „Пресвето срце Исусово“ околу 14.30 часот, кадешто папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ и тие ќе се претстават со три композиции.

    „Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд”, вели овој познат охридски музичар.

    На професионално поле, Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен „Елегија”, што ќе биде промовиран ова лето.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира