НЕ Е ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ВО ПРЖИНО, АМА БЕЈЛИ НЕ Е РАЗОЧАРАН

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    НЕ Е ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ВО ПРЖИНО, АМА БЕЈЛИ НЕ Е РАЗОЧАРАН

    Без договор заврши маратонската преговарачка сесија на работните групи на политичките партии со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав за реформите во медиумите и прочистувањето на избирачкиот список, објави Мета.

    Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време. „Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор, затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време“, рече Бејли.

    Помошничката државен секретар на САД Викторија Нуланд вчера изјави дека го напушта Скопје охрабрена дека во наредниве денови се надева дека преговарачките тимови ќе се здружат околу идеите што се сега на маса и дека ќе направат нацрт за пат кон избори. „За ова очигледно ќе треба политичка волја на сите страни, а јас почувствував дека таа волја ја има“, изјави Нуланд.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира