Успешен е вториот круг од претседателските избори, до 18.30 часот денеска гласале 44,53 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 99,51 отсто од 3.512 избирачки места, гласале 801.202 гласачи од вкупно 1.808.131 во избирачкиот список.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека изборите минале мирно и без пријавени поголеми неправилности, а цензусот е исполнет оти беше неопходно да гласаат 40 отсто или 723.252 гласачи.
Избирачките места се затворија во во 19 часот.