НИКОЛА АНДОНОВ ОД СДСМ Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА НОВО СЕЛО, ПОБЕДИ СО 19 ГЛАСА, ВЕЛИ ПАРТИЈАТА

    НИКОЛА АНДОНОВ ОД СДСМ Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА НОВО СЕЛО, ПОБЕДИ СО 19 ГЛАСА, ВЕЛИ ПАРТИЈАТАВо првиот круг на избори градоначалник на Ново Село не беше избран поради голем број неважечки ливчиња; - Никола Андонов од СДСМ (Фото: СДК.МК)

    Нов градоначалник на Ново Село е Никола Андонов од СДСМ. Од штабот на партијата велат тој мандатот го доби со 19 гласови разлика.

    Од штабот на ВМРО ДПМНЕ потврдија дека Андонов има предност од 17 гласа, но ќе ги чекаат записниците од избирачките места за официјална потврда.

    Во првиот круг Андонов имаше негатива од 60 гласа во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Николче Стоилков. Тогаш пресудија неважечките ливчиња, поради што во Ново Село имаше втор круг во кој бизнисменот Андонов ја анулираше разликата и победи.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира