Премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по победата на Стево Пендаровски на претседателските избори кажа дека Северна Македонија доби нов претседател на фер и демократски избори.
„Никој веќе од денеска нема да застане на патот на прогресот и просперитетот. Нашето место е во Европска Унија, нема веќе режим никогаш. Мицковски и неговите политики на поделби и сеење страв се поразени. Во наредниот период ќе покажеме како се постигнуваат економски резултати”, рече Заев.
Тој повтори дека ќе има промени во Владата „затоа што тоа им го кажале граѓаните со резултатите во првиот круг на изборите“.
А. АНТЕВСКА