ПАПАТА ФРАЊО ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

    ПАПАТА ФРАЊО ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕНа Скопскиот аеродром го пречекаа претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.(Фото ПУЛ)

    Папата Фрањо утринава пристигна во Скопје. На Скопскиот аеродром го пречекаа претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.

    Неговата посета се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Македонија, односно Република Северна Македонија и Ватикан. Ова е прва посета на папа на Македонија.

    По официјалниот пречек во претседателската вила на Водно, папата ќе се сретне со Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претставници од граѓанскиот сектор и со дипломатскиот врв. Во текот на неговиот престој, тој ќе се сретне и со верските поглавари и со сиромашни.

    Посетата папата Фрањо ќе ја заврши посетата во попладневните часови.

    Посетата на Папата се совпаѓа со 25 годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Македонија, односно Република Северна Македонија и Ватикан. Ова е прва посета на Папа на Македонија. (Фото: ПУЛ)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира