ЗАЕВ СО СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА СЕ СРЕТНА СО ПАПАТА ФРАЊО ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА

    ЗАЕВ СО СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА СЕ СРЕТНА СО ПАПАТА ФРАЊО ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈАПапата Фрањо го поздрави семејството Заеви, откако сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра, се приклучија кон крајот од средбата (Фото: ПУЛ)

    Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица и ќерката Алексaндра се сретнаа со папата Фрањо во претседателската резиденција на Водно.

    Според протоколот за првата посета на папата во земјава, тој прво се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, а потоа и со премиерот Зоран Заев.

    Од Владата велат дека премиерот имал одделна средба со папата, а кон крајот на неа му се придружиле и сопругата и ќерката.

    „На средбата уште еднаш е потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја, воспоставена со мисијата не сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, со чествување на нивното дело, што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан“, соопшти Владата.

    „На средбата порачав дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замолив Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата. Ја истакнав заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа“, изјави премиерот Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира