ВО АКЦИЈАТА ПРОТИВ ДИЛЕРИТЕ НА КОКАИН УАПСЕНИ И 12 МЕНАЏЕРИ НА КАФЕАНИ, АДВОКАТИ, ДИРЕКТОРИ И БАНКАРИ

    ВО АКЦИЈАТА ПРОТИВ ДИЛЕРИТЕ НА КОКАИН УАПСЕНИ И 12 МЕНАЏЕРИ НА КАФЕАНИ, АДВОКАТИ, ДИРЕКТОРИ И БАНКАРИОд извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства, пет патнички возила, еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира. (Фото: МВР)

    Во синоќешната акција на полицијата во која беа уапсени четворица дилери на дрога, од слобода се лишени уште 12-мина кои купувале кокаин, а кои, како што велат од МВР, биле менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација.

    Четворицата уапсени дилери се И.Ј. (41), Б.Ј. (31) двајцата од населбата Ченто, Н. М (37) од населба Чаир, и Д.Р. (19) од село Арачиново, на кои ќе им бидат поднесени кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    „Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица“, соопштија од МВР.

    Во рамки на истрагата, претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба на наркотични дроги.

    Од МВР велат дека истрагата се спроведувала изминативе три месеци, а целта била сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која била идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност и која се занимавала со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.

    „Операцијата почна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да ја напушти државата, а лишен од слобода беше на Скопскиот аеродром. Со поголема количина на парични средства. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом“, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира