20 НОВОРОДЕНЧИЊА ДОБИЈА ДРВО СО НИВНО ИМЕ ВО СКОПЈЕ, ЕДНА ГОДИНА ПО НАЈАВА НА ПРОЕКТОТ

    20 НОВОРОДЕНЧИЊА ДОБИЈА ДРВО СО НИВНО ИМЕ ВО СКОПЈЕ, ЕДНА ГОДИНА ПО НАЈАВА НА ПРОЕКТОТПрвите плочките со имиња на новороденчиња беа поставени на новиот дрворед зад стадионот на Армијата, до Кејот на реката Вардар.(Фото: Град Скопје)

    Една година по најава на проектот на Град Скопје, денеска 20 новороденчиња добија дрво на кои ќе стои нивното име и датум на раѓање.

    Првите плочки со имиња на новороденчиња беа поставени на новиот дрворед зад стадионот на Армијата, до Кејот на реката Вардар. Плочките се напишани на јазикот кој го одбрале родителите.

    „Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Од Град Скопје ги повикаа идните родители да се пријавуваат во Град Скопје, за да учествуваат во оваа акција и да имаат свое дрво во главниот град.

    Лани на 2 април градоначалникот Петре Шилегов потпиша меморандум за спроведување на проектот со гинеколошко-акушерските клиники во Скопје. Тогаш беше кажано дека родителите кои сакаат нивното дете да има дрво на кое ќе стојат неговите податоци ќе можат да се пријават во Град Скопје. По напуштање на гинеколошката клиника, родителите ќе треба да го пријават добиениот кодот на телефонскиот број 071/395-395, каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира