ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА КОНЕЧНО ГИ СОБРА СИТЕ ПОТПИСИ И СРЕДСТВА ЗА ДА СЕ РЕНОВИРА

    ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА КОНЕЧНО ГИ СОБРА СИТЕ ПОТПИСИ И СРЕДСТВА ЗА ДА СЕ РЕНОВИРАЗа обновата на фасадата и внатрешноста се обезбедени 1,1 милион евра (Фото: СДК.МК)

    Оваа градежна сезона конечно ќе почне да се реставрира Офицерскиот дом во Битола, откако договорот за комплетна внатрешна и надворешна обнова ги доби сите потребни потписи, соопшти градоначалничката Наташа Петровска.

    „Договорот ги има сите потребни потписи, вклучително и од Владата. Останува да се изврши регистрација на договорот во Секретаријатот за европски прашања и потоа започнува тендер постапка. Офицерскиот дом оваа градежна сезона ќе се гради“, рече Петровска.

    Општината доби грант од 1,1 милион евра преку ИПА-фондовите, со што ќе се реставрираат фасадата и внатрешноста на објектот, кој е споменик на културата од почетокот на 20. век.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира