Центарот за физикална медицина и рехабилитација во Штип кој згрижува пациенти од цела Македонија доби осум нови мултифункционални апарати, а утре ќе добие уште еден кој ќе биде првиот и единствен од ваков вид кај нас.
„Речиси половина век штипската физикална терапија згрижуваше пациенти со стара апаратура набавена уште во 1967 година. Со новите осум апарати за повеќе од 200 пациенти колку што просечно дневно згрижуваме значително ќе се подобри услугата и самото лекување затоа што пациентите сега не мора да чекаат од соба до соба, од апарат на апарат, туку во новите апарати се сконцетрирани повеќе физикални терапии и фукции како што се ултразвук и слично“, вели раководителот на Одделението за физикална медицина и рехабилитација Ленче Николова .
Според Николова новиот апарат што ќе го добијат утре ќе биде револуционерен чекор за центарот затоа што во него се сконцетрирани голем број дијагностички перформанси, може да спречува и оперативни зафати и лекувањето со него ќе биде далечински без допир со апаратот, а ќе биде мошне ефикасен и во рехабилитационите третмани на пациентите со ревматизми, спондиелози, дегенеративни и трауматски заболувања.
Набавката на апаратите чини 50.000 евра. За новите апарати вработени се нови 13 физеотерапевти
Т. ЈОВАНОВСКИ