Претседателот на Собранието Талат Џафери ја известил Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот во азил Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствувал од работа како пратеник во Собранието.
Груевски избега пред да оди во затворот Шутка да ја отслужи двегодишната затворска казна за нарачка на луксузниот мерцедес со високи перформанси, но од парите на полицијата. На 13 ноември 2018 година се пофали од Будимпешта дека добил азил.
Претседателот на Комисијата Павле Богоевски треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на овој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ако донесе заклучок да му се одзеде мандатот, предлогот оди на пленарна седница.
Пратенички мандат се одзема со двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.
С. К. ДЕЛЕВСКА