Тајван стана првата азиска земја која легализирала истополови бракови, две години откако тоа беше оценето како законско право од уставниот суд. Парламентот имаше рок до 24 мај 2019 ова да го претвори во закон.
Пратениците дебатираа за три верзии на законот и на крај беше изгласана најпрогресивната, која им дозволува на хомосексуалните двојки да се венчаат. За време на историската седница, илјадници поддржувачи на правата на хомосексуалците чекаа пред зградата на парламентот, што се претвори во огромна радост откако беа објавени резултатите од гласањето.
Законот ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде потпишан од претседателот Цај Инг-вен.
„Борбата за еднаквост не запира тука. Ќе продолжиме да се бориме против сите облици на дискриминација“, изјави активистката Џенифер Лу.