Хенрик Мкитарјан нема да игра во финалето на Лига Европа на 29 мај од безбедносни причини, објави неговиот клуб Арсенал. Ерменскиот репрезентативец нема да патува за Баку, бидејќи помеѓу неговата земја и Азербејџан има долгогодишни политички тензии.
„Откако ги разгледавме сите опции, донесовме тешка одлука да не патувам со екипата на финалето на Лига Европа. Ваков натпревар не се игра така често и затоа ова тешко ми паѓа“, изјави Мкитарјан.
Ерменија и Азербејџан немаат воспоставено дипломатски односи поради спорот околу регионот Нагорно-Карабах и ова не е првпат Мкитарјан да пропушта клупски мечеви во оваа земја.
„Ѝ пишавме на УЕФА за да ја изразиме нашата загриженост околу ситуацијата и разгледавме голем број опции, но сите заедно заклучивме дека е најдобро Мики да не патува. Тажни сме што тој мора да пропушти вака голем натпревар“, соопшти Арсенал.