Антикорупциската комисија отвори уште еден предмет за в. д. директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска. На денешната седница на Комисијата, беше кажано дека Пановска иако имала обврска досега четири пати да поднесе анкетен лист за имотната состојба, бидејќи толку пати и се продолжувал мандатот вршител на должност, тоа не го сторила па затоа заработи прекршочна пријава од антикорупционерите.
Како што беше кажано на денешната седница на Антикорупциската комисија, Пановска на 19 мај 2019 поднела 4 анкетни листови за состојбата со нејзиниот имот, иако за прв пат била поставена за в. д. директор на Клиниката на 4 август 2017.
С. К. ДЕЛЕВСКА