Ерол Муслиу е новиот директор на Агенцијата за разузнавање.
Претседателот Стево Пендаровски денеска го разреши досегашниот директор Зоран Иванов и на негово место го назначи Муслиу.
Ерол Муслиу последниве години работел во Агенцијата за разузнавање, а претходно бил во Управата за безбедност и контраразузнавање.
Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека наскоро ќе бидат назначени и тројца членови во Советот за безбедност.
А. АНТЕВСКА