Лицата со попреченост ќе можат да влезат со своите кучиња-придружници и во Кинотеката, објави филмската установа на Фејсбук.
Одлуката следи откако изминативе денови Археолошкиот музеј и ЈСП „Скопје“ сооштија дека во Музејот, во автобусите на „ЈСП“ и на жицницата за Водно лицата со посебни потреби ќе можат да влегуваат со своите кучиња-придружници.
Денес на програмата во Кинотеката, на Неделата на италијански филм, во 20 часот ќе се прикаже македонскиот филм „Исцелител“, дебитанскиот филм на Ѓорче Ставрески, во кој играат : Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ.
По премиерата во 2017, филмот освои повеќе награди на светските фестивали како: наградата за најдобар филм во меѓународната селекција на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија, награда од публика на меѓународниот филмски фестивал во Солун и за најдобро сценарио на Фестивалот на медитерански филм во Брисел.