ЕРГЕЛА ОЛДТАЈМЕРИ ВРЕДНА МИЛИОН ЕВРА ПРЕНОЌИ ВО ОХРИД

    ЕРГЕЛА ОЛДТАЈМЕРИ ВРЕДНА МИЛИОН ЕВРА ПРЕНОЌИ ВО ОХРИДГрупата од 36 олдтајмери ја предводеше „бентли суперспорт“ од 1923, а останатите се од 1924, 1929, 1931, 1936 година (Фото: СДК.МК)

    Во Охрид вчера напладне пристигна ергела од 36 олдтајмери која ја предводеше „бентли суперспорт“ од 1923 година.  Најстарите се два автомобили од 1923, а останатите се од 1924, 1929, 1931, 1936. Се паркираа пред еден од најубавите охридски хотели „Јуник ресорт и спа“.

    „Јас сум љубител на стари автомобили. Случајно ги видов на паркингот пред овој хотел. Бев изненаден, речиси шокиран. Не можев да замислам дека во Охрид ќе го видам ролс ројс од 1920-те години, ‘бентли’, па дури и тркачки автомобили кои првпат се појавија на трките во Англија. Пред овој хотел се паркирани автомобили кои чинат вкупно милион евра, а некои дури се бесценети“, вели Англичанец кој престојува во Охрид како турист.

    Групата олдтајмери тргнала од Трст, Италија, а потоа преку Словенија, Хрватска и Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија стигнале во Македонија. Денес заминуваа за Грција и со брод се враќа повторно во Италија. Сопственици или возачи на овие вредни олдтајмери се државјани на Холандија, Белгија, Англија.

    Правило на групата е да отседне во најубавите хотели во градовите во кои преноќуваат. Со групата патува и професионален фотограф кој подготвува посебна фото- едиција која ќе се испечати по завршувањето на релито.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира